Драма во семејството Бекам: Бруклин и Никола и го свртија грбот на Викторија на нејзиниот роденден

од Vladimir Zorba
1,5K прегледи

Вчерашниот 51 роденден Викторија Бекам го привлече вниманието на јавноста поради недостигот на јавна честитка од нејзиниот најстар син Бруклин, што повторно ги разгоре гласините за раздор во семејстото.

Дејвид Бекам не штедеше на изрази на љубов, објавувајќи носталгична фотографија од бакнеж покрај базен со емотивна порака: „Среќен роденден на најневеројатната сопруга, мајка и најдобра пријателка што сите би можеле да ги посакаме. Имај совршен ден затоа што го заслужуваш тоа и ние многу те сакаме“.

И помладите синови Ромео (22) и Круз (20) и испратија убави пораки на својата мајка Викторија преку социјалните мрежи. Ромео напиша: „Среќен роденден на најневеројатната мајка, продолжи да блескаш и да не правиш горди, те сакаме многу, додека Круз објави: „Среќен роденден на најинспиративната мајка, направи се за нас“. Дејвид објавил и честитка во име на нивната 13-годишна ќерка Харпер.

Сепак, нивниот најстар син Бруклин (26) не испрати јавни честитки до својата мајка, ниту пак неговата сопруга Никола Пелц (30), која наместо тоа објави фотографии направени за време на викендот поминат на фестивалот Коачела во Лос Анџелес.

Оваа ситуација е многу интересна бидејќи минатата недела Викторија и Дејвид исто така јавно ја игнорираа третата годишнина од бракот на Бруклин и Никол – не им честитаа ниту реагираа на нивните објави за оваа важна пресвртница.

Тензиите меѓу Викторија и Никол, наводно, започнале околу свадбата на помладата двојка во 2022 година, кога се појавија гласини за несогласувања околу тоа кој ќе ја дизајнира венчаницата на невестата за церемонијата одржана во имотот на семејството Пелц во Флорида.

Иако се чинеше дека двете жени ги „закопале секирите“ во меѓувреме, последните настани повторно ги разгореа шпекулациите за враќање на семејните несогласувања.

Слични содржини