Драма во Србија: Повторно забележан црниот пантер, ловочувари го пребаруваат теренот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
464 прегледи

Откако денеска во близина на српското селото Фекетиќ, наводно, повторно бил снимен веќе познатиот црн пантер, на терен биле испратени ловочувари на „Војводинашума“ да ја истражат ситуацијата, потврдил шефот на Покраинската инспекција Немања Ивановиќ.

Како што може да се види на видеото кое го објавија српските медиуми, животното со голема брзина трча низ полињата.

„Работам во близина, го видов додека поминував и помислив дека морам да го снимам инаку никој нема да ми верува“, изјавил тракторист кој го снимил пантерот.

Во потрагата по дивото животно се користат и дронови. Планот е, откако ќе се најде пантерот, да се успие и да се имобилизира во зоолошката градина во Палиќ.

Пантерот, кој се чини дека со недели талка низ Војводина, најверојатно побегнал од Унгарија од место блиску до границата со Србија. Не е познато точно кога и како влегол во земјата.

Слични содржини