Драма во трговски центар во Белград: Обид за силување на 10-годишно девојче

од Nikola Popovski
336 прегледи

Во понеделникот околу 19 часот постар човек се обидел да силува девојче (10) во трговски центар во Белград, јавуваат српските медиуми.

Според нив, мажот ја довлекол девојката до тоалетот, но за среќа нејзината сестра видела што направил.

Била повикана полиција, која набргу го блокирала целиот трговски центар и го уапсила осомничениот човек кој за малку не бил нападнат од лутите родители, поради што припадниците на Српското МВР со лифт го однеле во гаражата, пишуваат медиумите во Белград.

Се додава дека инцидентот се случил пред очите на многу деца и родители кои секојдневно доаѓаат на платото на овој трговски центар и во кое има игротека за деца и обезбедување.

Министерството за внатрешни работи за новинската агенција Танјуг изјавило дека истрагата е во тек.

Слични содржини