175
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против 36-годишен жител на Долна Бањица за кривично дело – Телесна повреда согласно член130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-При вршење семејно насилство, на 23.12.2020 година во вечерните часови, тој телесно ја повредил неговата сопруга. Имено, по претходна вербална расправија во центарот на Гостивар, тој најпрвин започнал вербално да ја навредува сопругата, а потоа ја фатил за блуза и за коса и ја тегнел, па така ја ставил во такси возило со кое се упатиле дома. На тој начин на оштетената и нанел телесни повреди и предизвикал вознемиреност и стрес., соопштија од ОЈО.