Драма во Запорожје: Не работи петтиот реактор во нуклеарната централа, шестиот делумно во функција

од Nikola Popovski
230 прегледи

Шефот на градската управа на Енергодар, Александар Волга денеска изјави дека петтиот реактор на нуклеарната централа Запорожје престанал да работи.

Тој за ТВ каналот „Русија 24“ објасни дека произведената енергија не може да оди во општиот систем поради оштетување на далноводите.

„Донесена е одлука да се прекине работата на петтиот реактор, а шестиот моментално работи во парцијален режим“, соопшти Волга, пренесува РИА Новости.

Според неговите зборови, денеска специјална комисија ќе одлучува за натамошниот начин на работа на целата станица по поправката на далноводот, кој е отежнат со постојаното гранатирање.

„Штом има гранатирање, екипите за вонредни ситуации се повлекуваат, за жал не можеме да ги завршиме поправките на далноводите“, изјави началникот на управата на Енергодар.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на левиот брег на реките Днепар во близина на Енергодар и од март е под контрола на руските сили.

Украинската и руската страна секојдневно разменуваат обвинувања за гранатирање на нуклеарната централа.

Слични содржини