Драма во ЗЛАТИБОР: Невремето ја запре жичарата во Торник

од Берта Китинска
254 прегледи

Силно невреме го погоди Златибор. Шест  патници беа евакуирани од жичарницата кај ски-центарот Торник по краткотрајно прекинување на електричната енергија, пишуваат српските медиуми.

– По ударот на гром, дојде до оштетување на уредите на жичарницата. Беше ставен во функција резервниот погон и немаше никаква опасност за патниците. Станува збор за велосипедисти кои планирале да  заминат во Торник, кажа Бранко Благојевиќ, управител на ски-центарот.

Слични содржини