Драмата продолжува: Блејк Лајвли се закани дека ќе открие приватни пораки од Тејлор Свифт

од Nikola Popovski
181 прегледи

Во најновиот пресврт во правната битка за филмот „It Ends With Us“, адвокатите на Џастин Балдони изнесоа шокантни тврдења дека Блејк Лајвли наводно се заканувала дека ќе објави приватни пораки од нејзината најдобра пријателка Тејлор Свифт ако пејачката јавно не ја поддржи Лајвли во нејзиниот конфликт со Балдони.

Според судските документи поднесени во среда, на 14 мај 2025 година, адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, тврди дека Мајкл Готлиб, кој ја застапува Блејк Лајвли, ги контактирал адвокатите на Тејлор Свифт во Венабл и „побарал г-ѓа Свифт да објави изјава за поддршка на г-ѓа Лајвли“, со импликација дека доколку Свифт одбие, ќе бидат објавени „приватни пораки од лична природа“ што ги поседува Лајвли.

Фридман исто така тврди дека добил информации од сигурен извор дека Лајвли наводно побарала од Свифт да ги избрише нивните заеднички СМС-пораки. Претставникот на Тејлор Свифт наводно одговорил на овие „несоодветни и очигледно изнудувачки закани“ во најмалку една писмена комуникација до правниот тим на Лајвли.

Конфликтот започна за време на продукцијата на споменатиот филм каде што главните улоги им биле доделени на Лајвли и Балдони. Според судските документи, Балдони бил поканет во домот на Лајвли во Њујорк во 2023 година за да разговараат за промени во сценариото за сцена на покрив. По пристигнувањето, Балдони наводно се соочил со сопругот на Лајвли, Рајан Рејнолдс и блиската пријателка Тејлор Свифт.

Во една порака што Лајвли ја испратила, таа наводно ги нарекла Рејнолдс и Свифт свои „змејови“, наведувајќи: „Ако некогаш почнете да гледате Игра на тронови, ќе сфатите дека сум Калиси и, како што се случува, имам змејови. Или полошо, но обично змејови. Затоа што змејовите ги штитат и оние за кои се борам.“

Тимот на Балдони тврди дека судската покана испратена до Свифт има за цел да собере информации поврзани со можно заплашување на сведоци и уништување на докази. Лајвли и Рејнолдс се обидуваат да ја поништат таа судска покана.

Готлиб, адвокатот на Блејк Лајвли, категорично ги негираше сите обвинувања, нарекувајќи ги „целосно неосновани“ и „кукавички припишани на наводни анонимни извори“. Тој најави поднесување барање до судот за санкционирање на адвокатите на Балдони за нивното „несоодветно однесување“.

Претставниците на Тејлор Свифт претходно се дистанцираа од правниот спор, издавајќи соопштение во кое ја осудуваат судската покана и тврдат дека Свифт била „минимално вклучена“ во драмата на снимањето. Нејзините претставници изјавија за Би-Би-Си дека Свифт „не била вклучена во никакви одлуки за кастинг или креативни одлуки“ и дека таа „никогаш не ја видела монтажата, ниту дала никакви коментари за филмот“.

Според извори блиски до Свифт, пејачката наводно била „кралски лута“ поради порака во која Лајвли ја нарекла нејзин „змеј“.

Овој најнов развој на настаните дополнително ја искомплицира веќе сложената правна битка меѓу Лајвли и Балдони, која започна кога Лајвли го тужеше Балдони во декември 2024 година, обвинувајќи го за сексуално вознемирување и каклевета. Балдони поднесе контратужба против Лајвли и Рејнолдс за граѓанска изнуда, клевета и нарушување на приватноста.

Додека правната битка продолжува, некогаш цврстото пријателство меѓу Лајвли и Свифт се чини дека е сериозно нарушено од конфликтот.

Слични содржини