Пејачката Шакира му зададе уште еден удар на поранешниот партнер, фудбалерот Пике – овој пат стави кукла од вештерка свртена кон домот на нејзината свекрва, односно мајката на Пике.
Шакира се раздели од Пике пред неколку месеци, по 12-годишна врска. Тие имаат две деца.
Покрај тоа што во нејзината нова песна го прозва Пике и рече дека заменил „Ролекс за Касио“, алудирајќи на фактот дека има нова девојка која не ѝ е ни до колена, таа во песната додава и дека „ја оставил да живее карши неговата мајка“.
За таа цел, таа постави кукла од вештерка која гледа директно во домот на мајката на Пике, додека песната ечи од звучниците цел ден.
🧙♀️🔊 Shakira has reportedly been listening to her BZRP session on a loop today, where there is also a witch on the balcony pointing at her ex-mother-in-law's house… pic.twitter.com/ZX2qXJG8lB
— ShakiraMedia (@ShakiraMedia) January 14, 2023