Серијата „Вовед во анатомија“ ќе ја има и својата 19-та сезона, објави синоќа „Еј-Би-Си“, со што продолжува една од најдолгите серии во историјата на американската телевизија, „докторска“ сапуница , која сè уште има многу висока гледаност.
-Не можам да бидам повозбуден од тоа што ќе продолжам уште една сезона да раскажувам приказни за Мередит, Бејли, Ричард и другите лекари во болницата „Grey Sloan Memorial“, рече авторката на серијата Шонда Рајмс.
Иако „медицинската“ сапуница се уште има висок рејтинг, актерката Елен Помпео која ја игра Мередит Греј веќе зборуваше за можниот крај на серијата по две децении.
-Се обидувам да ги убедам сите дека мора да заврши. Сепак, мислам дека сум премногу наивна кога велам „Но, како ќе изгледа приказната, што ќе раскажеме“, изјави таа за „Insider’ минатиот месец.
Седумнаесеттата сезона од серијата беше посветена на борбата против пандемијата на коронавирус, а моментално се снима 18-та сезона.
-Вовед во анатомијата има глобално влијание врз луѓето што не може да се игнорира, рече Криста Верноф, извршен продуцент на серијата.
-Серијата нè допира, понекогаш менувајќи ги срцата и умовите ширум светот преку длабоката поврзаност што луѓето ја чувствуваат со ликовите, додаде таа.
Оваа медицинска драма се снима уште од 2005 година.