Виталиј Кличко, легендарниот украински боксер и актуелен градоначалник на Киев, за „Скај Спортс“ зборуваше за тоа како неговите сограѓани ја поднесуваат војната меѓу Русија и Украина и колку од нив одлучуваат да земат оружје.
Поранешниот светски шампион истакна дека граѓаните се вознемирени, но дека не сакаат само така да го напуштат градот и државата.
„Во моментов сите се лути. Зборувам со луѓето, тие не сакаат да заминат… Сите разбираат и нема да заминат, сакаат да останат и да го нашиот народ. Вознемирени се за тоа што руските војници им го прават на цивилите…Зборувам со обични луѓе, наместо да се евакуираат во западна Украина,тие бараат оружје. Подготвени сме да бидеме во цивилна одбрана и да ги браниме нашите домови. Им порачувам на сите цивили и ги молам да поминуваат време во бункерите, доколку е можно“, рече Кличко.
Виталиј ја спомена и тешката состојба во другите градови.
„Тоа што Русите им го прават на цивилите во Украина е меѓународен криминален случај. Имаме многу примери во други градови, Буча, Ирпин, Гостомељ, тие се речиси уништени. Сега го гледаме истото сценарио од Харков и Мариупол во нашиот град Киев“, додаде поранешниот боксер.
Борбите продолжуваат низ Украина, а преговорите досега не вродија со плод.
„Единството низ Украина е многу важно. Ние не се бориме само за нашиот град и во моментов не се бориме само за нашата земја, туку заедно се бориме за нашите вредности и нашите принципи“, заклучи Кличко.
The mayor of Kiev, Vitali Klitschko says the city's residents are even more determined to defend their country after Russian attacks. pic.twitter.com/dS2KJKPXuw
— Sky Sports News (@SkySportsNews) March 15, 2022