Дрејк летал со приватен авион 14 минути и ги разбесни луѓето

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Популарниот музичар Дрејк со својот последен потег налути многу луѓе на социјалните мрежи.

Дрејк неодамна со приватен авион отпатува од Торонто до Хамилтон, кој се наоѓа во канадската провинција Онтарио.

Тој лет траел само 14 минути, а за него наводно биле потрошени 1.500 литри гориво.

Поради ова патување, раперот се соочи со многу остри критики дека ја загадува околината без причина, бидејќи за ова патување ќе му треба само еден час со автомобил.

„Канаѓаните ќе се жалат на климатските промени, а потоа ќе платат илјадници долари за да одат на следниот концерт на Дрејк, постапувајќи како да не го користи својот приватен авион за да лета од Хамилтон до Торонто“, напиша на Твитер новинарот од Торонто, Темур Дурани, но тој е далеку од единствениот кој го коментираше однесувањето на овој рапер, кое многумина го коментираа како многу арогантно.

По сите овие критики, се огласи и Дрејк, тврдејќи дека тој не управувал со тој авион, туку дека летот бил организиран за да може неговиот авион да биде преместен на друг аеродром, но малкумина му поверувале.

Слични содржини