Само неколку години по појавувањето на големата сцена, привлечен од титанот на рап-музиката Лил Вејн, Дрејк дефинитивно ги освои музичките листи. Неговите песни кршат рекорди, а оваа недела изведувачот на „God’s Plan“ покажа дека има и талент во видео игрите.
Неодамна Дрејк успеа да привлече рекордни 600.000 гледачи, додека ја играше онлајн играта „Fortnite“ со еден од најпознатите гејмери во светот Тајлер „Нинџа“ Блевинс.
Двајцата дискретно објавија Твитер пораки, со кои ги покануваат своите обожаватели да гледаат во живо на платформата „Twitch“, додека играат.
За само неколку минути, дуото собра повеќе од половина милион гледачи надминувајќи го досегашниот рекорд од 388.000 гледачи во живо.
За време на шоуто, Дрејк рече дека играл Fortnite околу два месеца за да се опушти со пријателите по долгите денови, поминат во музичкото студио.
Еве и видео за гејмерското искуство на раперот од гледна точка на „Нинџа“.