Научниците открија гени на древните жители на Сибир во Ескимите од Гренланд, кои ги прават поиздржливи на студот.
Ескимите се заштитени со посебни гени од арктичките мразови. Тие ги наследиле од т.н. Денисовски луѓе кои живееле во Сибир пред околу 40 000 години, се вели во истражувањето објавено во списанието Molecular Biology and Evolution.
Денисовскиот човек е исчезнат човечки вид, фрагменти од неговите останки се откриени во Алтајски крај на Русија.
Научниците ги споредиле генетските податоци на 200 Ескими кои живеат во Гренланд, со ДНК на неандерталците и “денисовците”. Kaj Ескимите се откриени два гена TBX15 и WARS2 кои исто така се сретнале кај “денисовци”.
Генот TBX15 одговара за тоа како човечкото тело реагира на студот, а исто така за распределба на мастите. Овие гени не се јавуваат кај неандерталците и многу ретко се среќаваат во модерните луѓе.
Слична варијанта на ДНК може да биде пронајдена во некои жители на Евроазија. Овие гени практично се отсутни кај Африканците. Фактички тоа сведочи дека предците на денешниот човек имаат интеракција со античките предци.
“Денисовците” се населени истата територија, како неандерталците и модерните луѓе.