Дринквотер: Добро е што го напуштив Челси, ги потрошив моите најдобри години

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Поранешниот фудбалер на Челси, Дени Дринквотер призна дека му било драго што го напуштил лондонскиот клуб, пренесе „Скај Спорт“.

Дринквотер (32) порасна во Манчестер Јунајтед, а потоа играше како позајмен во Хадерсфилд, Кардиф, Вотфорд и Бансли. Тој дојде во Лестер во 2012 година, но во 2017 година се пресели во Челси за 35 милиони фунти.

Поранешниот англиски репрезентативец одигра само 23 натпревари за лондонскиот клуб за пет години, бидејќи го загуби првотимскиот статус, а потоа беше на позајмица во Барнли, Астон Вила, Касимпаша и Ридинг.

„Потрошив некои од моите најдобри години во фудбалот. Олеснет сум бидејќи ситуацијата не беше добра за мене или за клубот. Лут сум поради тоа како се развиваше ситуацијата и како ме третираа, но не сум огорчен“, рече Дринквотер.

Тој истакна дека сега е во потрага по нов клуб, бидејќи му истече договорот со Челзи.

„Да останев во Лестер, да не се повредев, клубот да се однесуваше поинаку со мене. Се е ако, но е фрустрирачко“, изјави Дринквотер, кој одигра три натпревари за репрезентацијата на Англија.