И Дритон Кучи, официјално седна во министерската фотелја во Министерството за економија. Тој денеска ја презеде должноста од Беким Незири.
Како што соопшти Министерството за економија, Незири го запознал својот колега со проектите во неговиот мандат, како и надлежностите на министерството и ја потенцирал неопходноста од континуирана работа на постојните цели, како што се растот на економијата, привлекувањето на странски инвестиции, зголемувањето на извозот и подобрување на деловната клима и му посака успешна работа на новиот министер.
