Американската пејачка Деми Ловато (29) беше фотографирана во Западен Холивуд во друштво на најпознатата наследничка Парис Хилтон. Сепак, малкумина успеаја да ја препознаат славната музичарка од минувачите.
Поранешната ѕвезда на Дизни во оваа прилика ја покажа популарната фризура „фудбалерка“, а папараците ја уловија во долга карирана кошула и црни чорапи.
Деми со години се бори со зависност од дрога и алкохол. Во јули 2018 година, поп -sвездата беше пронајдена без свест во нејзиниот дом во Лос Анџелес, само еден месец откако откри дека ја нарушила својата трезвеност. Помина две недели во болница, а потоа и во клиника за рехабилитација.

Се бореше и со депресија, а имаше и пореметување во исхраната кое, како што рече, било поттикнувач за се што и се случило.
-Се обидував да му кажам на светот дека сум среќна со себе, што не беше вистина. Живеев во лага. Многу е тешко кога живееш опкружен со луѓе кои ти кажуваат како треба да изгледаш “, рече еднаш пејачката.
Таа неодамна во документарец откри дека била силувана како тинејџерка.

Никогаш не ги криела своите проблеми, а еден од нив беше и односот со нејзиниот татко Патрик, кој, како што рече, бил насилен кон неа и нејзината мајка.
„Тој беше злобен, но сакаше да биде добра личност. Сакаше да го спаси своето семејство, но сепак рече дека е среќен за мајка ми кога таа повторно се омажи“, рече Ловато во едно интервју.

Починал во 2013 година од последиците од ракот, по што пејачката раскажа дека бил ментално болен.
Минатата година, Деми ја објави свршувачката со партнерот Макс Ехрих, но набргу потоа парот раскина.
Се зборуваше дека причината за раскинувањето е пејачката Селена Гомез.