Претседателот на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел изведоа танц со дроиди R2-D2. На овој начин државната глава и партнерката го прославија меѓународниот ден на “Војна на ѕвездите”, кој се слави на 4 мај.
Снимката од средбата на семејството Обама и ликовите од филмот беше објавена на страницата на Белата куќа на Facebook. За шест часа видеото беше гледано повеќе од 2,3 милиони пати.
Денот на “Војна на ѕвездите” се одбележува на 4 мај поради цитатот May the Force be with you ( “Моќта да биде со тебе”), која наликува на фразата May the fourth be with you ( «Четврти мај да биде со тебе”).