Дрон нападна трговски брод во близина на брегот на Индија

од Radmila Tasevska
190 прегледи

Напад со беспилотно летало денеска оштети комерцијален брод во Индискиот Океан, но никој не е повреден во инцидентот, соопштија две поморски агенции.

Според британската компанија Амбри, која е одговорна за поморската безбедност и трговските поморски операции во Велика Британија, нападот кај индискиот брег предизвикал пожар на бродот. Подоцна бил изгаснат без да има жртви или повредени. Причинета е одредена структурна штета и малку вода навлегла во бродот.

Според компанијата, танкерот под либериско знаме кој превезувал хемиски производи „е поврзан со Израел“. Нападот е извршен на 200 километри југозападно од индискиот град Веравал.

„Од Саудиска Арабија бродот влезе во Индија“, објави компанијата на својата веб-страница.

Според Амбри, индиската морнарица одговорила на нападот.

Слични содржини