Дроновите – сè поважни за армијата на САД

од desk3
90 прегледи

САД ќе ги користат многу повеќе своите воени беспилотни авиони во следните четири години, за да ја зголемат својата способност за разузнавање и нанесување на удари во зони на конфликт, пишува “Волстрит џурнал”, пренесува Франс прес.

655-402-a (1)

Пентагон предвидува да се зголеми дневниот број на летови од 61 во моментов до 90 во 2019 година, изјави извор од Министерството за одбрана на САД.

Целта е да може да се следи подобро ситуацијата на места како Украина, Ирак, Сирија, Јужното Кинеско Море и Северна Африка.

Пентагон има намера да обезбеди и повеќе можности за нанесување на поголем број целни воздушни напади.

Програмата за напади со дронови, која претрпе вистински подем при управувањето на претседателот Барак Обама, е критикувана за тоа што се извршува тајно и предизвикува бројни цивилни жртви.