Дру Баримор шокираше со изјава за својата мајка: „Едвај чекам да ја нема“

од Stefanija Kuzmanovska
494 прегледи

Актерката Дру Баримор неодамна шокираше со изјавата дека би сакала нејзината мајка да биде мртва. Имено, таа е во многу лоши односи со нејзината мајка Џејд, која наводно уште од мали нозе ја „експлоатирала“, носејќи ја на холивудски забави и ноќни клубови.

„Едвај чекам да ја нема мајка ми“, изјави таа за списанието „New York“.

Холивудската ѕвезда додаде дека им завидува на пријателите чии родители веќе не се живи.

„Сите нивни мајки повеќе не се живи, но мојата е. Јас го немам тој луксуз“, рече таа.

Сепак, таа објасни дека не сака да ја обземаат таквите желби, туку дека сака да продолжи понатаму.

„Всушност сакам таа да биде среќна, да напредува и да биде здрава. И јас морам да растам и да продолжам понатаму и покрај нејзиното присуство на оваа планета“, вели Дру.

Таа потоа додаде дека се кае за тоа што го кажала.

Слични содржини