Држава која граничи со Белорусија и Русија го враќа задолжителниот воен рок

од Stefanija Kuzmanovska
198 прегледи

Земјата со помалку од два милиони жители, која граничи со Белорусија и Русија, донесе одлука да го врати задолжителното служење војска.

Станува збор за Латвија, која моментално има само 7.500 војници во активна служба и припадници на Националната гарда, со поддршка од 1.500 војници на НАТО.

Латвискиот министер за одбрана Артис Пабрикс синоќа најави враќање на задолжителната воена служба поради зголемените тензии со соседна Русија и конфликтот во Украина.

„Сегашниот воен систем на Латвија ги достигна своите граници. Во исто време, немаме причина да веруваме дека Русија ќе го промени своето однесување“, изјави Пабрикс за новинарите.

Латвија се откажа од задолжителната служба откако влезе во НАТО. Армијата на оваа балтичка земја, членка на Европската унија, ја сочинуваат професионални војници и доброволци од Националната гарда кои служат со скратено работно време во пешадија за време на викендите.

Според Пабрикс, задолжителната воена служба, која ќе важи само за мажите, ќе биде вратена во 2023 година.

Слични содржини