Државата има три функционални авиони и четири хеликоптери за справување со евентуални пожари

од Nikola Popovski

Државата е подготвена за справување со евентуални пожари кои би можеле да случат по екстремно високите температури. Ова го навести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција.

Вчера одржавме координација на која учествуваа сите институции кои што имаат надлежност во гасење на шумски пожари. Донесовме неколку заклучоци, се искоординиравме и имаме намера во наредните неколку денови да свикаме прес-конференција, на која што комплетно ќе ја информираме јавноста, вклучително и за бројот на вкупните државни ресурси. Авионите ќе бидат функционални ова лето. Сите три авиони, рече Ангелов одговарајќи на новинарско прашање.

Запрашан дали ако викендов има пожар, директорот на ЦУК информира дека надлежните институции имаат на располагање четири хеликоптери и еден авион.

Другите два мислам дека се вратени. Мислам дека се работеше за формален редовен сервис, така што на авионите можеме да сметаме ова лето. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни при движење во природа бидејќи најнепопуларната мерка е забрана за движење во природа. Таа мерка ќе се обидеме да ја избегнеме. Граѓаните треба да бидат совесни и внимателни при фрлање догорчиња, при работа со алат што искри и да не се палат огнови. Премногу е топло, тревата бргу ќе се исуши, за неколку дена ќе биде барут сува и лесно запалива, кажа Ангелов.

Слични содржини