Рано утринава пратениците во парламентот на американската сојузна држава Њујорк гласаа за забрана на нови операции за ископување биткоини, јавува CNBC.
Овој акт е испратен до гувернерката Кејти Хочул, која може да го потпише за да има сила на закон или може да стави вето.
Доколку го потпише тој документ, Њујорк ќе стане првата земја во САД што ќе забрани блокчејн технолошка инфраструктура.