Државата за неколку дена потроши над 9 милиони евра за купување на струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
265 прегледи

„Власта купува 5 пати поскапа струја, од тоа што државата сама може да произведе. Во изминатите неколку дена државата потроши над 9 милиони евра за купување на струја, по цена и до 250 евра од мегават час. Тоа е и до 5 пати повеќе отколку цената на произведен мегават час од македонските електрани“, посочуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема домашно производство и половина од потрошувачката е увозна затоа што Заев ги испразни езерата и ги остави на раб на исчезнување, а РЕК го остави без јаглен. Во сред грејна сезона нема јаглен на депонијата во РЕК.

Доколку на време се копаше јаглен во РЕК, и акумулациите се третираа професионално, сега воопшто немаше да има потреба ниту од увоз на јаглен, ниту од увоз на скапа струја, ниту од никакви други матни тендери. Но наместо на работа, власта се фрли на криминал. И затоа сме пред енергетски колапс“, се додава меѓудругото во соопштението.