Државјаните на Косово од денеска патуваат без визи во ЕУ

од Radmila Tasevska
349 прегледи

Безвизен режим за државјаните на Косово стапи во сила од денеска и им овозможува тие да патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци.

Новиот режим беше активиран на полноќ, со што Косово стана последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување на визите за ЕУ.

Реформата во Приштина ја доживуваат како уште еден чекор кон целосно признавање и поттик за амбицијата на земјата, која прогласи независност во 2008 година, да влезе во ЕУ, забележува „Гласот на Америка“.

Според Европската комисија, извршното тело на ЕУ, Косово до 2018 година ги исполнило сите неопходни критериуми за безвизно патување, вклучително управување со границите и миграцијата.

Новите правила ќе им овозможат на граѓаните на Косово да патуваат во ЕУ без визи за период на престој од 90 дена во рамките на секој период од 180 дена.

Пред ЕУ да го укине визниот режим со Косово, носителите на неговите пасоши можеа без виза да патуваат само во 14 земји низ светот.

Слични содржини