Државна лотарија на 30 ноември ќе ја престави новата мегазабавна интернет-плаформа MEGAWIN.MK со музички настан и мега наградна игра

Државна лотарија е во најинтензивен раст и бележи најголеми успеси досега

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Државна Лотарија, дополнувајќи ги можностите за среќа, забава, подароци, награди и добивки со големо задоволство најавува дека ја отвори за регистрации својата нова веб-страница www.megawin.mk, за онлајн учество во игри на среќа. Во чест на отворањето на www.megawin.mk, Државна лотарија организира наградна игра за сите учесници коишто ќе се регистрираат на www.megawin.mk заклучно со 29 ноември. Страницата ќе биде официјално отворена за игра на 30.11.2023 г., а стартот ќе се одбележи на претстојниот концерт „Мегастарс“, на 30 ноември, од 20:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Со www.megawin.mk, Државна лотарија прави голем чекор во дополнување на своето портфолио игри на среќа одговарајќи на барањата на играчите, а како членка на Европска Асоцијација на лотарии се здобива со уште една од карактеристиките на современите европски лотарии. Со www.megawin.mk, љубителите на спортско обложување и видеолотариски игри ќе добијат една нова мега забавна платформа за онлајн учество во забавни игри за атрактивни добивки, чести награди и уште почести подароци. Секој којшто ќе се регистрира на страницата во период од 18 заклучно со 29 ноември добива подарок, станува учесник во наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“ и има можност да добие влезница за концертот „Мегастарс“ на 30 ноември каде што ќе се реализира извлекувањето со помош на електронски генератор на броеви по случаен избор. Вкупниот фонд на награди и подароци изнесува 12 000 000 денари. Најатрактивните награди се 10 гејминг лаптопи Lenovo, 10 iPhone 14 Pro, 5 луксузни патувања за двајца во Дубаи и еден автомобил BMW.

Во последните две години тимот на компанијата посветено работи на подготовка на бројни убави изненадувања за играчите и за народот, на полето на игрите на среќа, поттикнувањето надеж и креирањето задоволство и среќни приказни. На тоа се должи што во овој период, Државна лотарија е во најинтензивен раст и бележи најголеми успеси досега. Имено, во историјата на Државна лотарија лепезата на истант лозови никогаш не била поразновидна и побогата; рекодна е 7-ката на Лото 7 (над 47 000 000), а рекодна е и уплатата по коло − над 5 000 000 денари. Воедно, Државна лотарија сега воведува и своја нова интернет-платформа за приредување онлајн игри на среќа, а ја организира и својата прва досега најбогата наградна игра, како и првиот концерт насловен „Мегастарс“, преку што Државна лотарија најавува една нова позабавна концепција на брендот, поблиска до народот. Убавите мигови допрва претстојат бидејќи Државна лотарија работи на тоа среќата да ја направи достапна секому и верува дека среќата е насекаде.

Слични содржини