Државна ревизија утврди неправилности во работењето на ЕСМ

од Берта Китинска
262 прегледи

Државниот завод за ревизија го објави извештајот на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје (АД ЕСМ Скопје), во кој се констатира дека од 2011 до 2020 година значителен износ на финансиските средства се инвестирани во проекти, кои не се извршени и опрема која не е ставена во употреба.

Како што соопштија од ДЗР, за реализација на проектите и набавките склучени се договори и исплатени вкупно средства во износ од 1,3 милијарди денари или околу 21,5 милиони евра.

– Дел од овие проекти и набавки се однесуваат на имплементација на Интегриран компјутеризиран деловен информациски систем – БИС, обезбедување опрема за подобрување на телекомуникациите и мрежувањето, обезбедување на стоки од „системот за следење на движење и мерење на количините на јаглен и мерење на активности на придружна механизација за ПЕ „Рудници“ во РЕК „Битола“, ХЕ „Бошков Мост“ – изградба на брана и формирање на акумулација, „Луково Поле“ – подготовка на предлог проект за обновителна енергија, изградба на нов административен објект – Деловна зграда на АД ЕСМ Скопје, информираат од ДЗР.

Ревизијата од страна на Државниот завод за ревизија е извршена согласно нивната годишна програма за работа за 2021 година. Целиот извештај е на следниот линк.

Слични содржини