Државната агенција на Калифорнија поднесе тужба за дискриминација против Tesla, обвинувајќи го тој производител на автомобили за „расна сегрегација“, се наведува во соопштението.
Калифорниската служба за вработување и домување, државната агенција на Калифорнија задолжена за заштита на жителите од дискриминација при вработување, домување и насилство од омраза, во средата соопшти дека има „доказ дека постои расна сегрегација на работното место во фабриката „Tesla Fremont“.
Афроамериканските работници доживуваат „расни навреди и дискриминација во однос на работните места, платите и унапредувањата“, рече директорот на агенцијата Кевин Фиш, директор на службата за владините агенции.
Tesla е американска компанија за производство на електрични автомобили, во сопственост на милијардерот Елон Маск, кој според „Блумберг“ минатата година беше најбогатиот човек на светот.