Државни претпријатија: МТВ, ЈСП и Водовод со најголема загуба, МЕПСО и Државни патишта со најголеми приходи

од Nikola Popovski

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објави финансиска анализа на работењето на државните претпријатија за периодот 2015 -2019 година и база на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата. Според неа, најголеми државни загубари се МРТВ, која во 2019-та завршила со загуба од над 8 милиони евра, зад неа двете железничарски јавни претпријатија, а традиционални загубари на листата  и ЈСП, Водовод и ГТЦ за периодот од 2015- 2019-та година.

Вкупниот приход на 30-те најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот од 2015 до 2019 година изнесуваат 45 милијарди денари (732 милиони евра), а во нив работеле вкупно 22.140 работници. Приходите се зголемиле за само 2 отсто, а просечната стапка на профитабилност кај нив во овој период изнесувала скромни 6 отсто. Средствата што ги поседуваат со ваков остварен профит, можат да се обноват за 38 години, а вложениот и заработен капитал да им се врати за 32 години. Како најдобитни компании биле МЕПСО и Ј.П. „Државни патишта“.

Колку за споредба, во приватниот сектор времето на поврат на вложениот капитал е вообичаено 10 години. Наплатата на нивните побарувања е слаба алка во работењето и таа е во просек 253 дена. Обврските се плаќаат во уште подолги рокови, за 484 дена просечно. Она што е заедничко за сите нив е дека имаат сѐ уште недоволен степен на транспарентност на резултатите во финансиското работење.

Дел од наодите од анализата се:

  • 30-те најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа, за периодот 2019 – 2015 година, остварените вкупни приходи ги зголемиле за само 2 %.
  • Просечната стапка на профитабилност за анализираните 5 години изнесува скромни 6 %, а за 2019 година профитабилноста покажува извесно подобрување (6,5 %). Средствата што ги поседуваат овие претпријатија со ваков профит би ги обновиле за 38 години, а вложениот и заработен капитал би го вратиле за 32 години. Во приватниот сектор времето на поврат на вложениот капитал се позиционира вообичаено на 10 години.
  • Наплатата на побарувањата на анализираните компании претставува слаба алка на работењето и изнесува 253 дена за 5-те години, односно 205 дена за 2019 година.
  • Обврските ги плаќаат во уште подолги рокови, за 484 дена просечно, односно 365 дена за 2019 година. Вообичаено во бизнисот, компаниите што плаќаат со олку долги рокови се избегнуваат или им се даваат значително повисоки цени од пазарните.
  • Вкупните долгови на анализираните претпријатија се малку повисоки од нивниот капитал и резерви, додека степенот на самофинансирање е во зоната на безбедност (88 % во просек за 5 години, односно 91 % за 2019 година).
  • Анализираните претпријатија успеваат да работат позитивно, покривајќи ги вкупните расходи во целост и остварувајќи вишок на приходи од 4 % (за 2019 година 3 %).
  • Анализираните претпријатија поседуваат доволно парични средства за покривање на краткорочните обврски.

 

Слични содржини