Државниот инспекторат за животна средина мета на хакерски напад

277 прегледи

Синоќа мета на хакерски напад беше Државниот инспекторат за животна средина.

Како што посочуваат, целта на нападот била електронската пошта, и во таа насока, биле испратени стари соопштенија од Државниот инспекторат за животна средина.

Од инспекторатот хакерскиот напад го оценија како притисок врз нивната работа.

„Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина.

Слични содржини