69
Владата на денешната седница го задолжило Министерството за правда да поднесе иницијатива за разрешување на Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Според Законот за јавното обвинителство, избирањето и разрешувањето на републичкиот обвинител се врши од страна на Собранието, но Владата го предлага кандидата на којшто Советот на јавни обвинители ќе даде позитивно мислење. Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години.
Љупчо Коцевски беше именуван за републички јавен обвинител пред една година.