Државниот завод за статистика денес излезе со соопштение дека нема да ги отпочне пописните активности на терен кои беа предвидени, но додека се чека потврда од Собранието на Република Северна Македонија за одложување на пописот тие ќе направат проверка на сите организациско-технички активности на терен.
“Со оглед на новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021, а во согласност со Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021, до завршувањето на постапката во Собранието на РСМ што се очекува многу брзо, Државниот завод за статистика нема да ги отпочне пописните активности на терен. Со оглед дека е предвидено Пописот да трае 21 ден, односно до 21 април, Државниот завод за статистика смета дека има доволно време сите предвидени пописни активности да се завршат на време. Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување. За сите активности што следуваат, Државниот завод за статистика навремено ќе ја информира јавноста” – стои во соопштението