ДС: 16 години принципиелност и доследност

од Vladimir Zorba
153 прегледи
По 16 години делување на македоснаката политичка сцена Демократски сојуз израсна во препознатлив, принципиелен и силен политички субјект, кој ги отвора вратите за сите слободарски и креативни граѓани. , се вели во денечното соопштение на ДС
1

На денешен ден (19 Јануари 2000 година) во „Салон 19’19“, иницијативниот одбор во состав: Павле Трајанов, Никола Младенов, Зоран Петров, Томе Геневски, Ѓорѓи Димитров, Верица Андреевска, Теофил Блажевски, Велин Јованов, Братислав Димитров и Владо Шоп-Трајанов, одржа седница на која е донесена одлука да се формира Демократскиот сојуз, како автентична политичка партија.

После 16 години опстојување и развој, Демократскиот сојуз промовира Платформа за „ПРОМЕНИ ПРАВДА И ПРОГРЕС“, како алтернатива за излез од политичката криза. Демократски сојуз повикува на разумно однесување, обединување и градење на консензус за националните и долгорочните стратешки интереси на државата и граѓаните.  Демократскиот сојуз смета дека единствен избор за Македонија е владеење на правото, почитување на основните цивилизациски вредности и слобода на говорот. Тоа се основните постулати за градење на перспективна и демократска држава.