ДС: Да се откријат пироманите кои го запалија автомобилот на Ристески

од Nikola Popovski
161 прегледи

Демократскиот сојуз најостро го осудува палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристевски и бараат брза реакција на МВР и целосна истрага од Јавниот обвинител.

-Во услови на сложени политички состојби, ваквите настани можат дополнително да ги усложнат и да имаат одраз и врз безбедноста и стабилноста, посебно доколку случајот се исполитизира.

Само со брза реакција на службите за безбедност и МВР и целосно расчистување на мотивите на овој вандалски чин, може да се дејствува превентивно, стои во соопштението на ДС.

Слични содржини