ДС, ФРОДЕМ и МОРО-РП: Експертска влада, повлекување на аболицијата, одлагање на изборите, специјален суд…

од desk3
227 прегледи

Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ и МОРО- Работничка партија денеска на заедничка прес-конференција посочија дека сметаат дека е неопходна Платформа за излез од длабоката криза во која е втурната Македонија.


“Предлагаме во градењето на Платформата да се вклучат сите релевантни политички партии, граѓанскиот сектор, како и медиумите, при што да се дојде до консензус и единство околу стратешките интереси и стабилноста на земјата.
Во оваа насока предлагаме свикување седница на Парламентот и одлагање на изборите и формирање на Експертска Влада со министри со високи професионални и демократски капацитети. Ѓорге Иванов мора да ја повлече аболицијата и во Парламентот да отпочне постапка за негова одговорност.
Експертската Влада треба да спроведе коренити реформи во повеќе области, посебно во правосудството, безбедносниот систем, медиумите и др. Владата мора да ги деблокира државните институции и целосно да ги департизира и деполитизира.
Неопходно е да се обезбедат услови за работа на СЈО и формира специјализиран оддел во Кривичниот суд во Скопје, како и услови за утврдување на одговорноста на креаторите на кризата (голем дел аболирани од Ѓорге Иванов).
Сметаме дека лидерите на четирите парти немаат кредибилитет да одлучуваат сами за иднината на сите граѓани, бидејќи поддршката од граѓаните повеќето од нив ја изгубија. Граѓаните бараат промени, правда и стабилност, затоа е потребен поширок консензус и единство”-посочи лидерот на ДС Павле Трајанов.
Лидерот на ФРОДЕМ Јове кекеновски, пак посочи дека поради отсуство на доблест да се признаат грешките и храброст истите да се исправат, отсуствотото на чувство за одговорност и државност , а Ѓорге Иванов – кој сеуште се колеба да ја повлече незаконитата аболиција станува главен протагонист и рушител на државата под закрила на неговите криминогени ментори и лажни патриоти.
“Не ни е јасно како еден универзитетски професор и после две недели масовните граѓански протести неможе да свати дека со т.н аболиција наместо помирување добивме продлабочување на конфликтот и невидена поларизацијата во целото општество.
Сите ние заеднички го охрабруваме Иванов и бараме во интерес на граѓаните, стабилноста на државата и правдата. да ја повлече аболицијата, да си поднесе оставка како морален члин и да се соочи со одговорноста за овој неразумен чекор кој ја поддри стабилноста на државата.

Додека траат граѓанските протести се одвиваат и конспиративни преговори помеѓу 4-те јавачи на апокалипсата.
Неможе оние кои го донесоа и посеаа злото сега да се јавуваат во улога на спасители, бидејки во моментов немаат целосен легитимитет

Потребно е во преговорите да постои и 5-ти елемент кој е неопходен доколку се сака вистинско надминување на кризата
Овој елемент го сочинувааат граѓанските организации, слободоумните борци за внатрепартска демократија (фракциите, здруженијата и пол партии кои произлегоа од овие негогаш големи 4 пол. партии ) и експертите .
Без овој петти елемент кризата и политичките судири ќе продолжат, а на РМ брзо ке и го видиме крајот!

Наместо да глумат патриоти и билдаат лажен национализам врхушката на режимот треба да ја напушти политичката сцена и на суд да ја докаже својата невиност во која толку се повикува. Колективната одговорност не смее да ја замени индивидуалната. Граѓаните не смеаат преку манипулација да бидат мета за потусурување и да бидат користени како топовско месо за спас на сопствената кожа. Во таа насока потребно е да се создаваат на услови за одговорност на креаторите на политичката криза и донесување на закон за забрана на нивно политичко дејствување.
Целосна поддршка за СЈО кое ја враќа вербата во правната држава!
Згорозени сме од медиумскиот линч врз поедини учесници во т.н ,,Шарена Револуција” кој се врши од дебело платени новинари кои си ја одработувааат зададената задача: Да го бранат неодбранливото, да етикетираат безмилосно и нечовечки и да уживаат во дадените привилегии”-посочи Кекеновски.