ДС: Меѓу тие што ги славиме како заслужни се и оние кои го опструираа референдумот за Независност на Македонија

од Radmila Tasevska
284 прегледи

Демократскиот сојуз на сите граѓани на Македонија им го честиташе ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, со желба вечно да се слави овој ден кога се објави дека Македонците, но и сите други граѓани плебицистарно се определија за самостојна, суверена и независна Македонија.

„Да потсетиме, не беа сите партии и функционери за независна Македонија, некои беа за скратена федерација, некои за припојување кон соседни држави, некои за да останеме во рамките на СР Југославија, но македонскиот народ масовно излезе на референдумот и гласаше за суверена и демократска Македонија.

Идејата за референдум ја предложија “ОСУММИНАТА” припадници на МВР, а цврсто ја поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и некои други партии.

Сега, од оваа дистанца, меѓу тие што ги славиме како заслужни се и оние кои го опструираа референдумот.

Денес сме сведоци на обиди за поделби на македонското национално ткиво, за тоа кој е за ЕУ, а кој против, дури некои со своите активности ја загрозуваат националната безбедност, стабилноста и просперитетот на државата.

Демократскиит сојуз повикува на единство, сплотеност и државничко однесување. Сите треба да бидеме поодговорни, да работиме на развој на демократијата, сите граѓани да се чувствуваат слободни, да се справиме со криминалот, а не да ги амнестираме тие што ја ограбуваат државата, да направиме коренити реформи и по брза патека да се вклучиме во семејството на ЕУ.

Само со слога, многу работа и со зачувување на националниот дигнитет, можеме да чекориме напред“, порачаа од ДС.

Слични содржини