ДС: МВР да ги открие напаѓачите на Палевски

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Демократскиот сојуз го осудува бруталното насилство врз Љупчо Палевски, бизнисмен и претседател на Движењето „Трета“. Оттаму ги повикуваат службите за безбедност и МВР брзо да ги откријат сторителите и нарачателите на ова кривично дело и да ги изведат пред лицето на правдата.

„Безбедноста на граѓаните и на учесниците во јавниот и политичкиот живот е од највисок приоритет во едно демократско општество, а државата мора да испрати порака дека насилството не смее да се толерира и да остане неказнето.

На Палевски му посакуваме брзо оздравување и враќање на секојдневните обврски“, додаваат од партијата на Палевски.