ДС најавува дека во 2026 се отвораат портите на Европската унија за Македонија

„Ќе ја афирмираме потребата од донесување на закон за борба против организираниот криминал и формирање на независна Агенција против тешките облици на криминал“, соопштија од Демократскиот сојуз

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: Фејсбук/ДС

Партијата Демократски сојуз оценува дека следната година ќе биде година на темелни реформи, отворање на портите на Европската унија за Македонија и врвни резултати. Во новогодишната честитка до граѓаните, од партијата велат дека за секое актуелно прашање ќе градат и јавно ќе го соопштуваат својот став.

-Ќе ја афирмираме потребата од темелни реформи во судскиот систем, донесување на закон за борба против организираниот криминал и формирање на независна Агенција против тешките облици на криминал, департизација на институциите, донесување на нов Изборен законик со кој Македонија ќе биде една изборна единица и услови за рамноправен изборен натпревар без трошење на пари од Буџетот, како и имплементација на конкретни програми за заштита на животната средина и дефинирање на минимална пензија.

За младите ќе иницираме тие да одлучуваат за својата иднина за да создаваат и творат овде во нашата татковина, стои во новогодишната честитка од ДС.