ДС очекува дебата во парламентот и формирање Парламентарен Комитет за излез од кризата

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Демократскиот сојуз ја поздравува иницијативата за средба на лидерите на политички партии, како прв чекор за отпочнување на политичкиот дијалог за утврдување на  платформа за излез од длабоката политичка и безбедносна криза.

демократски сојуз  хоризонтално

Демократскиот сојуз очекува дијалогот да се префрли во Парламентот, каде што треба да се формира Парламентарен Комитет, кој што преку транспарентна „истрага“ ќе ја дефинира одговорноста за носители на политички, јавни и државни функции кои што го кршеле Уставот и законите, односно се одговорни за масовното прислушување, како и инволвираност во коруптивни активности, кршење на изборните правила и др.