Демократскиот сојуз смета дека препораката на Европската комисија за отворање на пристапни преговори со Република Македонија е признание и респект за посветеноста на граѓаните на евро-интеграциските процеси, како и долгогодишниот граѓански и политички консензус за имплементација на стандардите и полноправно членство во ЕУ, изјави денеска генералниот секретар на партијата Верица Филиповска.

?
Според ДС, извештајот на ЕК е реален приказ на состојбите во Република Македонија, во кој се детектираат генераторите на кризата, клучните елементи на кризата како и правци за надминување на истата.
– ЕК ги потврдува веќе познатите оценки и состојби, како што се кршењето на основните човекови права преку злоупотреба на системите за прислушување, криминализација на државата, партизација на судскиот систем, суспензија на владеење на правото, како и досега невидената манипулативна медиумска кампања. За ДС е посебно битно што се бара одговорност, но се даваат и конкретни насоки како да се излезе од длабоката политичка криза, која ја наруши внатрешната кохензија и стабилност и ги загрози евро-интеграциските перспективи на земјата, рече Филиповска./МИА