Во моментов како што информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат активни се 8 инспекциски надзори за смртни случаи за лица под 40 години, а 3 такви надзори веќе се затворени и за истите нема да се иницира вонреден стручен надзор.
Како што е познато, инспекцискиот надзор го врши Лекарската комора, а известувања стигнуваат откако истите ќе завршат.Имено, Ирина Сотирова Бухова, апелираше на трпеливост поради големиот притисок на лекарите кои прават настана надзори, а примарно се дел од Ковид битката низ здравствените центри.
„Имаме иницирано 25 вонредни стручни надзори, меѓутоа, да објаснам, докторите кои ќе треба, односно кои ќе ги вршат стручните надзори, се истите доктори кои се членови во Лекарската комора. Во Комората членуваат сите доктори кои имаат лиценци и кои се вработени во приватни и во јавни здравствени установи. Тоа се доктори кои во моментов работат деноноќно на лекување на пациентите. За да се избегнат одредени конфликти на интереси, се избираат доктори кои се од различни институции, а не од оние во кои, условно речено, е настанат проблемот. Затоа овој стручен надзор трае подолго време. Имајте трпение затоа што лекарите се и онака оптоварени, а ниту еден инициран стручен надзор нема да остане неодговорен“, посочи Бухова.