Дуа Липа има ново момче, се запознале кога раперот именувал песна по неа

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Page Six тврди дека Дуа Липа е во врска со раперот Џек Харлоу – чиј последен албум содржи песна посветена на британско-албанската ѕвезда наречена „Дуа Липа“.

Харлоу рече дека пред да излезе албумот во мај, тој ја повикал пејачката на FaceTime за да добие нејзино одобрение за песната. И, иако добил малку незгоден одговор, како што наведе тој, пејачката на крајот се согласила.

Но, се чини дека откако во ноември се сретна со шармантната рап-ѕвезда во Лос Анџелес, таа многу се воодушевила со раперот, а медиумот објави дека оттогаш тие се во „постојана комуникација“.

Потоа, наводно, тој отпатувал во Њујорк за повторно да се видат, а извор за Page Six тврди дека тие биле видени заедно во ресторан во Њујорк на вечера.

Слични содржини