Пејачката со албанско потекло Дуа Липа, на својот Инстаграм објави фотографија со честитки за Денот на независноста на Косово.
Фотографијата што ја објави е илустрација на нејзиното лице над знамето на Косово. Таа исто така напиша:
„Среќен ден на независноста на Косово“, пишува таа во описот на фотографијата, но исто така додава:
„Никогаш нема да заборавам кога се случи на телевизија кога живеев во Приштина, неопислива и незаборавна енергија во градот, горда сум што видов колку далеку сме стигнале од тогаш“, заклучува Липа.
Токму поради оваа објава , започнале лавина од коментари и луѓе кои сепак го привлекле нејзиното внимание на фактот дека, според нив, Косово е територија на Србија.
„Србија е многу убава земја, а Косово е дел од неа“, „Косово и Метохија“, се само дел од коментарите.