277
Дуа Липа (28) раскина со режисерот Ромен Гаврас (42) по виорната осуммесечна романса, пишува The Sun.
Познатата пејачка потврди дека се забавувала со поранешното момче на Рита Ора уште во март кога беа фотографирани како заедно одат дома од ревијата на Сен Лоран на модната недела во Париз.
„Дуа и Ромен раскинаа по љубовното лето“, рекол изворот, додавајќи дека пејачката сака да се фокусира исклучиво на својата музика кога е пред издавањето на третиот албум.
„Ромен ја сметаше Дуа за работохолик, но таа нема да забави за ништо и никого“, продолжи изворот.
Сега веќе поранешниот пар последен пат беше виден минатата недела кога им се придружи братот на Дуа Липа, Џин.
Дуа Липа еднаш објасни дека нејзиниот следен албум ќе биде „навистина личен“.