Пејачката Дуа Липа ја дочека Новата 2020 година во сончевиот Мајами со пријатели и со момчето Анвар Хадид, брат на манекенките Џиџи и Бела Хадид.
Дуа на плажата се облекла во минијатурно бикини со леопардов принт. Пејачката и самата пред дочекот објавила дека се сонча, „фаќа“ боја и ги полни батериите пред 2020 година.
„Благодарна сум на се што ми даде минатата година“, рекла Дуа.
Пејачката престојува во луксузен хотел кој се наоѓа на самата плажа. Анвар не се одвојуваше од својата партнерка, туку пред сите ја прегрнуваше и бакнуваше. Со нив, во друштвото биле и заеднички пријатели, а деновите им поминуваа пиејќи коктели и вежбајќи.
За дочекот, Дуа одбрала светкав фустан со силен отсјај, истакнувајќи ги своите облини.
https://www.instagram.com/p/B606CNUnsam/
Дуа Липа наскоро би требала да објави нов албум, „Future Nostalgia“ кој го најави на крајот на октомври со хитот „Don’t Start Now“.
– Новиот албум е ориентиран на диско и инспириран од 80тите. Забавен е. Само сакам луѓето, кога ќе го слушнат, да сакаат да танцуваат, да се забавуваат и едноставно да поминат време со своите пријатели – откри Дуа неодамна.