386
Пред неколку дена Дубаи го зафати голема песочна бура.
Националните власти издадоа предупредувања поради новонастанатата ситуација.
Луѓето се повикани да носат маски надвор или да останат дома доколку можат.
Полицијата повика на внимателност во сообраќајот, а неколку авиони се пренасочени.
На социјалните мрежи се појави видео кое ја покажува моќта на природата.
На видеото се гледа бура која доаѓа од далечина, а потоа одеднаш градот исчезнува во прашината.
Sandstorm in #Dubai
The storm passed through the UAE on Sunday. pic.twitter.com/froiSheEGR
— NEXTA (@nexta_tv) August 15, 2022
Во еден момент се чинеше како песочната бура да го „проголта“ целиот град.