Дубаи, познато по своите екстравагантни дизајни и високи температури, најави дека ќе го гради најголемото затворено ски одморалиште во светот со 1,2 километарска патека.
Така Емиратите ќе го надминат сопствениот рекорд за најголема затворена писта. Според Гинисовата книга со рекорди, патеката во трговскиот центар на Емиратите, отворена во 2005 година, останува најголема во светот. Таа работи постојано и покрај летните температури во Дубаи, кои достигнуваат 45 степени целзиусови.
Новото затворено ски одморалиште е дел од проектот “Meydan One”, кој вклучува и изградба на највисоката станбена кула во светот со височина 711 метри, огромен трговски центар, 350 спални луксузен хотел и Марина.
Првата фаза од проектот треба да заврши во следните пет години, а на крајот Дубаи ќе биде домаќин на “World Expo 2020”.
Минатата година 13,2 милиони туристи ги посетиле Емиратите, кои имаат за цел да привлечат 20 милиони посетители до 2020 година.