Дубајскиот центар за урбана мобилност соопшти дека дел од опремата за метрото во Дубаи ќе биде изработено со помош на технологијата на 3D печатење, соопшти весникот Arabian Business.
Според соопштението на Управата за транспорт, веќе почна печатењето на автомати за продажба на билети и картички. Понатаму на тој начин се предвидува да се произведува и опрема со поголеми димензии.
Иницијативата е дел од стратегијата на Дубаи за развој на 3D печатење, чија цел е да стане Дубаи водечки центар на оваа технологија до 2030 година.
Се очекува сите нови згради во Дубаи тогаш да се изградени со 25% од деталите, изработени со помош на 3D печатење.
Како што забележува весникот, употребата на технологијата, го намалува испуштањето на стакленички гасови и е поекономично отколку традиционалното производство.