Огромен пожар изби во луксузен хотел во Дубаи во близина на местото на кое треба да има чудесно шоу со огномет за Нова година, објави АФП, повикувајќи се на соопштение на властите на Дубаи, 
Едно лице е убиено во стампедо за време на евакуацијата на горење хотел во Дубаи, јави телевизија Al Arabiya Најмалку 16 се повредени, но мнозинството со мали повреди, јави AFP. Причините за огнената стихија засега не се јасни.
Пожарот зафати најмалку 20 ката од хотелот “Адреса Центар”, кој се наоѓа во близина на облакодерот Бурџ Калифа, највисокиот во светот (828 м).
Остатоци од горење зграда паѓале на улицата од височина од околу 300 метри.
Снимките на БиБиСи покажуваат дека пламенот се зафатија горните катови на зградата, која има над 60 ката.
Празнувањата за Нова година во Дубаи сепак продолжуваат по програма и покрај огромниот пожар, јави подоцна АФП, цитирајќи владина претставничка.
Сепак точно на полноќ ,не изостана и божествениот огномет околу нависоката зграда Бурџ Калифа, како и музиката на преубавите фонтани, атракција за Дубаи.
