Дубиоза Колектив направи журка во Советот на Европа (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
2,1K прегледи

Бендот Дубиоза Колектив од Босна и Херцеговина направи журка во Советот на Европа на Светскиот форум на демократијата и со атмосферата и шегите ја кренаа на нозе целата сала.

Пред почетокот на настапот, фронтменот на бендот Брано Јакубовиќ изјави дека во последните неколку години 20 отсто од луѓето ја напуштиле БиХ и ги повика претставниците на европските власти да и на нив им помогнат да добијат работни дозволи.

„Форумот за демократија можеби ќе може да ни помогне на нас седуммина да добиеме работни дозволи. Можеме да ви свириме меѓу сесиите и состаноците“, се пошегува Јакубовиќ.

Тој додаде дека Дубиоза колектив има добри песни со кои можат да опуштат, поканувајќи еден од премиерите да му остави контакт број за да се договорат околу нивното останување.

Бендот потоа ги отсвири некои од познатите хитови како „No escape (from the Balkan)“, „Take me to America“ и „Bella ciao“.

Слични содржини